Од компанијата информираат дека на претходникот на овој таблет-телефон, му биле потребни нешто повеќе од 5 месеци за да се достигне оваа рекордна бројка. Сепак, најуспешен телефон на овој корејски гигант е „Galaxy S III“, кој за помалку од 6 месеци ја достигна бројката од 30 милиони продадени примероци.
Времето ќе покаже дали овој телефонски уред ќе се наметне кај корисниците ширум светот, со оглед на тоа што најголемата конкуренција доаѓа од „лутиот“ ривал „Apple“.