Деновиве од печат излегоа две стихозбирки од двајца великани на словачката книжевност. Тоа се: „Минута пред заспивање“ од Мирослав Валек и „Еротикон“ од Војтех Михалик. Преводот го направи Стојан Лекоски, а препевите се од Матеја Матевски (Валек) и Тоде Илиевски (Михалик).
Издавачи на книгите се: ИТВ – ЗКСП од Охрид и Ирис од Струга.
Наскоро книгите ќе бидат промовирани во КИЦ „Култура 365“ во Охрид.
OhridNews