Купувањето новогодишни подароци не е опасно  само за новчаникот, туку и за здравјето, покажало едно истражување. Британскиот весник „Сандеј Телеграф“ испратил еден пар по 30 години во трговски ценрат во Лондон, каде имале два часа да купат подароци, при што посебен апарат им го мерел пулсот.

Се заклучило дека Џејмс (31) и Лизи (30) имале поспор пулс на работа отколку за време на шопингот. На почеток пулсот им бил оклу 80, а после 15 минути им пораснал на 100, во наредниот час на 180, а после два часа купување во продавници, отчукувањето на срцето им било 200 пати во минута.


„За време на физички вежби или стрес, пулсот кај возрасните луѓе достигнува 100 отчукувања во минута, а многу ретко до 200“ – рекол професорот по психологија Кери Купер.

Тој вели дека луѓето многу време поминуваат на работа, а во шопинг одат на брзина и се под голем стрес во смисла дали ќе најдат се што планираат да им подарат на најблиските.