На трунирот учество зедоа лиценцираните клубови во Охрид и Струга, кои се натпреваруваа во три категории. Во категоријата до 12 г , победи Стик 2007 совладувајќи ги Паткари со 3-1, во категоријата девојчиња до 12 г струшките Паткари го победија Стик 2007 со 8-2, додека најинтересниот натпревар се одигра во категоријата до 14 г, каде Витези го победија Стик 2007 со 4-3.
Од федерацијата велат дека се задоволни од организираниот турнир кој се надеваат дека ќе прерасне во традција.
– Се помина одлично на трунирот во кој нема поразени, во кој сите се победници, Овај турнир беше подготовка за натпреварите и предизвиците кои не очекуваат во наредната година – рече Катерина Стојаноска,тренер на ХК Витези.
Покрај благодарниците за клубовите, посебно признание и статуетка за заложбите на локалната самопуправа во развојот на овај спорт доби и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
– Пред се сакам да им честитам но и да и се заблагодарам на федерацијата што го одбра Охрид ‘а го развива овај спорт. Виситнско задоволство преставува кога на едно место се гледаат волку многу дечиња. Развојот на овај спорт е добро за градот па за мене преставува одговорост повеќе да и помогнеме на федерацијата – истакна Петрески