Новогодишни подароци на најмладите и оние кои заради нарушеното здравје или староста не се во состојба да се радуваат на Новата Година со своите другари, врсници или во кругот на семејствата, денеска им подели градоначалникот на Охрид Алксандар Петрески. „Даѓањето на Новата Година е можност уште еднаш да се искаже хуманоста таму каде што е потребно и кон оние на кои им е потребна грижата“, велат од локалната самоуправа.

Претпладнево Петрески подели стотина новогодишни подароци на децата од Детското одделение во Општата болница, во Болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, децата со интелектуална попреченост од Здружението „Порака“ и учениците од специјалната паралелка во ОУ „Свети Климент Охридски“.


Општината им посвети внимание на најмладите и болните

Пригодни подароци по повод Новата Година, Градоначалникот Петрески им врачи, при денешната посета, на старите и изнемоштени лица згрижени во Одделението за Геријатрија при охридската Општа Болница.  

ohridnews