Општина Охрид и Здржението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАН МЕДИА спроведоа голема донаторска акција во Охрид во која беа поделени околу 3000 новогодишни пакетчина за најмладите.
Традиционално беше посетена Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид, каде што со подароци беа израдувани дечињата кои се згрижени на лекување или третман. Новогодишни пакетчиња беа поделени и на дечињата од градинките во населбата Радојца Новичиќ, Лескоец, Велгошти и Пештани, информираат од Општина Охрид.
Централната хуманитарна манифестација, додаваат, се одржа пред зградата на Општина Охрид, каде што од страна на Дедо Мраз беа подарени новогодишни пакетчина на најмладите.
OhridNews