Без поголеми проблеми помина новогодишната ноќ во Охрид, соопшти СВР Охрид.

Во изминативе 24 часа, на подрачјето на Охрид случено е едно нарушување на јавниот ред и мир. Околу 02 часот и 30 минути, на Булеварот ,, Македонски просветители,, дошло до меѓусебна вербална расправија на 3 лица од кои едното било под дејство на алкохол. Расправијата прераснала во меѓусебна тепачка во која лицата се здобиле со лесни телесни повреди.
  
За време на новогодишната ноќ, регистрирани се две сообраќајни нез- годи  во кои за среќа, предизвикана е само материјална штета. Во 05 часот, кај кружниопт тек на Булеварот ,, Јане Сандански,, и улицата ,, Марко Цепен- ков,, патничко моторно возило ,, Шкода-Фелиција,, со скопски регистарски таблички удрило во сообраќаен знак. Причина била неприлагодена брзина и управување под дејство на алкохол. Втората сообраќајна незгода, е случена на раскрсницата од улиците ,, 7 Ноември,, и ,,Марко Нестороски,, во која  учествувале, патничко моторно возило ,, Југо,, и автобус, со Охридски регис- терски таблички. Причина за оваа незгода, е недржење страна и правец на движење на двете возила.
   
Во населбата ,,Св.Стефан,, околу 02 часот и 40 минути случен е пожар на шанк за пијалоци направен од дрвен материјал. Во пожарот кој за кратко време е изгаснат од Охридската територијална против-пожарна единица и оневозможено е негово натамошно проширување, изгорел шанкот како и по- веке други предмети при што е причинета  материјална штета од 120.000 денари.
   
Апелираме до граѓаните а посебно до учесниците во сообраќајот, да се воздржуваат од употреба на алкохол и управивање на моторни возила под дејство на алкохол како и целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, стои во новогодишниот билтен на СВР Охрид.

Ohridneews