ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец е едно од десетте училишта вклучени во проектот „Предизвикај се себеси и биди активен“, а се однесува на поттикнување на физичката активност кај учениците. Над 30 ученици од ова училиште во текот на месеците октомври и ноември партиципираа во активности и вежби, креирани од квалификуван и професионален едукатор за физичко образование, преку интерактивна онлајн плаформа.
Учениците имаа можност да се натпреваруваат со нивни врсници од други 9 училишта низ државава, изведувајќи предизвици преку кои се поттикнуваше физичка активност, се негуваа упорноста и натпреварувачкит дух, се јакнеше физичкото здравје и се мотивираа да останат активни во ова време на пандемија од Ковид 19.
За успешните резултати што ги покажаа учениците од ОУ „Ванчо Николески“ освоија 10 медали за освоено прво, второ и трето место, како и сертификати за учество на сите ученици. Тие со нив ја украсија новогодишната елка во училиштето.
Организаторот на проектот, здружението „Раст и развој“ донираше спортска опрема која ќе ја помогне реализацијата на Физичкото и здравствено образование. Опремата е наменски избрана да не бара контакт од повеќе лица истовремено, за да може да се користи и за време на Ковид 19.
Ова беше одлична можност учениците да останат активни во оваа ситуација со Ковид 19, и на нов и креативен начин да се грижат за своето физичко здравје. – велат од училиштето.
Проектот „Предизвикај се себеси и биди активен“ го спроведува Здружението за индивидуален, организациски и општествен развој „РАСТ И РАЗВОЈ“ од Скопје, а ќе се реализира и во второ полугодие.
OhridNews