Новогодишната елка висока 8 метри требаше синоќа да биде осветлена, но поради недоаѓање на специјалната екипа за осветлување од Скопје, овој чин беше одложен, соопшти локалната самоуправа.

Оттаму не’ информираа кога ќе светне елката на градскиот плоштад во Охрид, но најверојатно тоа ќе се случи вечерва.


минатогодишната елка

Покрај новогодишната елка, центарот на Охрид е украсен со повеќе светлечки реквизити, а посебно е осмислен паркот наспроти рибниот ресторан.Осветлени се и голем број улици во градот и периферијата, каде воглавно се поставени реквизитите кои градот ги набави минатата година. Сепак впешаток е дека украсувањето не е ни оддалеку налик на ланскиот идиличен амбиент, а во прилог на тоа сведочи и фактот што на главната градска сообраќајница, булеварот „Туристичка“ не е поставен ниту еден новогодишен украс.

Г. Момироски