Баба денес со обрати со Ново Годишна честитка пред пратениците на НСРСМ, на барање на Зоти али Амети. Интегрално ја пренесвам честитката без никакви интервенции во нејзината искажана љубов према пратениците дури и во секвенците на сексуална надразнетост на баба:
Драги мои, наши, на сите, пратеници. Ви ја честитам Новата 2020 – та, да не речам 40-та година. Ви посакувам здравје, пред све во копулативните органи за да мојте шо појќе, ак мојте ова година најпојќе да не дупите. Незнам за младите ама мене ми е убо и крепам уште. Ви посакувам голема среќа ако не појќе бар 10% поголема од нас народов.
Ако е така ќе сте пресреќни зш на нас како народ ни требит среќа со вас да преживејме и ни е потребна преку, така да ви даваме од нашата. Ви посаквам на сите да живејте ко мене, да пазарите ко мене, да набавувате лекој ко мене, Господ златен да ви дајт сила да ги плаќате ратите од кредитите како мене лесно. Ко ќе ја земам пензијата живеам како царица до 6-ти во месецот, а Господ златен да ви дајт вие бар до 9-ти да мојте да преживејте. А ако Ви е малку, еве јас до 5-ти вие до 10-ти.
Бидете така и власт и опозиција, а не превртливи како Мајка Марија Тереза, да не речам, како курвештии зш ве почитувам. А како да речам курвештија на маж. Ваљда требит да речам КУРВЕШТ. Да дајт Господ златен наш од моето добро бар дел да осетите како шо осетив јас за пречек на Новата Година. Да имате на трпеза, не само за Нова Година, туку цел живот појќе од мене.
А јас имав 93 грама сирење, 3 лисја расол, јајце и пол, чаша и пол пиво и режиски сметки, струја вода и проституција, од месец октомври. Господ златен ако не појќе ко мене да имате и да се изнауживате во животот.
Ви посаквам во договорите шо ги прајте сега пред избори, да се договорите за добро на народот како јас шо се договорив ко се разведвев од Ефтимчо мој, кој не ми остај ништо. Господ мил вас дупло да ви остајт од моето. Тро дупло од мене. Да мојте полесно од мене да набавите лекој на позитивна листа и дај Боже да ви требет зш имам јас врски и ќе средам на мојот лист да ве запишат на одложено плаќање.
Ак не ви требат сега, златен Господ да ви овозможит шо побргу да ви притребет влошки за инконтиненција зш ви стојам на располагање и све знам зш ја свртив цела наша држава. Не само на север туку на сите страни и знам кај да ве упатам. Да ви дајт Господ златен поголемо трпение од мене ко ќе требит да извам некој документ во државните институции и побргу да извајте од мене бар 3-4 дена , а не ко мене 21 година , како јас за Ефтимчо мој извод од умрени.
Златен Господ вас да не ви барет како мене 4 сведоци дека Ефтим е умрен, вие да мојте да извајте бар со 3 сведоци и не како мене сведоците да ги носите од геријатрија со такси и да не чекет како мојте пред судница 3 сати дур судивката се депилират и јајт јаболко.
Вашата среќа да е поголема од мојата и секогаш да мојте да најте бајат леб од пред 5 дена за 5 денари, а не како мене на секој тред ден за 6 денари. Нека мојата среќа со извршителите ви се пренесит на вас, зш ве сакам да си ебам мајката ве сакам. Полесно со нив да врвите, полесно да ви ве акет од мене зш мојата пензија е мала а вашите патни трошоци за една година се појќе од мојата плата шо ја земав 40 години, пензијава 20 години и надоместокот за телесно оштетување шо го земам да ви е дупло поголем.
Со еден збор. ФАЛА ВИ. Ева употребив два. Ќе испаднам лажга ко вас.
ЏИМИ
П.С. Следвит зимска пауза зш баба е трудна морам да ја чувам. Имат тешка бременост. Се читаме два дена после празникот фебруарски, на 4-ти Фебруари.
*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите