Новогодишна хуманитарна забава ќе се одржи во сабота во 20 ч. во хотелот „Ривиера“.
На хуманитарната забава, што ја организира Здружението на жени “Бисера“ ќе се одржи аукција на солени и слатки специјалитети, а средствата собрани од нивната продажба ќе бидат искористени за купување новогодишни пакетчиња на болните деца.
Цената на картата со вечера и музика изнесува 350 денари, а поканети се сите хумани луѓе во Охрид.