Новогодишна хуманитарна акцијa ќе се одржи денес во 17 часот во паркчето кај Випс. Ја продолжуваме традицијата на хуманитарни акции за новогодишните и божиќните празници 5-та година по ред, велат од НГ „Рибари“.
Особено ни е драго што и двата клуба ГРК Охрид и ГФК Лихнидос повторно ја поддржаа нашата иницијатива. Хуманоста ни е сепак пред се, потенцираат.
Упатуваат повик до сите нивни членови, но и сограѓани да дојдат и да донираат, истакнувајќи дека ќе биде поставена кутија за донирање.
OhridNews