Литванскиот полицаец Далијус Валуконис, кој не пие алкохол, направил Новогодишна елка висока четири метри од 1100 празни шишиња шампањско и кисела вода. Необичната елка била изложена во градот Лаздиџај кај границата со Полска. Валуконис изјавил дека вложил три години од својот живот и стотина часа слободно време да ја направи елката од шишиња кои ги собирал по ресторани и барови и кои ги добивал од семејството и пријателите.

Според неговите зборови, шишињата заедно ги држи метална конструкција со специјални куки и градежна пена. Елката привлекува големо внимание, поради што возачите на патот низ Ладиџај сопираат да ја фотографираат. Валуконис планира следната година на направи нешто уште поимпресивно.