Најскапата новогодишна елка на светот вреди 11,5 милиони долари. Станува збор за 13 метри висока елка која самата по себе чини 10 илјади долари, а украсена е со скапоцени украси кои надминуваат вредност од 11 милиони долари, соопштиле француските медиуми.
Поставена е во холот на еден од најлуксузните хотели во Абу Даби, во кој еднонеделно сместување, вклучувајќи услуга на автомобил со возач и батлер, чини околу еден милион долари. Елката има вкупно 181 украс од сребро, прошарани со дијаманти, бисери, смарагди, сафири и други скапоцени камења.