По повод Новата година, честитка со граѓаните упати градоначалникот Кирил Пецаков.

Како локална власт изминатите 12 месеци испишавме 365 страници полни со работа и презедовме многу решителни чекори на патот кон обезбедување подобри услови за живеење во нашиот Охрид. Од ден на ден покажуваме дека се може да се направи подобро, преку домаќинско работење, успеавме да се избориме со предизвиците и се потрудивме да ја надминеме секоај препрека. На сите полиња од нашата работа остваривме одлични резултати и реализиравме многу важни проекти. Секојдневно ја добивам вашата поддршка а тоа е моето најголемо признание и мојот главен поттик да направиме уште повеќе во годината што претстои. Внимателно ги слушаме вашите поотреби и тие секогаш ќе бидат основа за нови планови и инвестиции. Верувам дека заедно ќе изградиме посигурна иднина за сите. – стои меѓу другото во новогодишната честитка на градоначалникот Пецаков.

OhridNews