Почитувани граѓани, Ви ги честитам престојните Новогодишни и Божиќни празници и Ви посакувам здравје, среќа и просперитет во новата година.

Општина Охрид, во годината што изминува и покрај  проблемите со кои се соочуваше, успеа да реализира повеќе проекти кои значат продолжување на развојот  на нашата општина. Во годината која е зад нас завршија неколку обемни проекти кои се реализираа на територијата на општината, според високи стандарди, допринесувајќи за вбројување на Охрид во елитните туристички центри, во овој дел од Европа.
 
И покрај сите потешкотии кои го обременуваат секојдневието на граѓаните, градот во изминатата година своите приоритетни цели ги оствари благодарејќи, меѓу другото и на поддршката која ја имавме од Вас.
 
Обврска на локалната самоуправа е и во наредната година да го продолжи и интензивира развојот на нашиот град, со што ќе се зголеми квалитетот на животот, а Охрид ќе го добие својот лик на значајна културна и туристичка дестинација на овој дел од светот.

Уште еднаш, на сите граѓани на општина Охрид им посакувам добро здравје, лична среќа и остварување на своите планови во наредната година.
 
Нека ни е среќна и успешна Новата 2007 година

Александар Петрески
градоначалник на Охрид