Со доаѓањето на месец декември, започна и новогодишната магија која е официјален предвесник на Новата година – која што веќе е на самиот праг. А на доаѓањето на Новата Година, најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца.

По тој повод, специјално само за најмладата публика во Охрид, на 09.12.2023 (сабота) со почеток во 11:30 часот во големата сала во НУЦК Григор Прличев – Охрид ќе биде одиграна  волшебната претстава за деца „Дружината на Снешко Белчо – Новогодишна детска бајка”, која со сигурност ќе создаде волшебни, новогодишни спомени во секое детско срце.

Во претставата учествуваат Снешко Белчо, Дедо Мраз и нивната голема дружина. Сите овие популарни театарски ликови се очекува да изведат атрактивна театарска претстава за деца, која ќе биде во склоп на предновогодишните празници.

Сите кои сакаат да ја проследат театарската претстава може да си резервираат билет на телефонскиот број 078/ 66-77-97.

Напомена: Салата ќе биде топла, а претставата ќе биде целосно озвучена!

OhridNews