Под мотото „Дигитализација на училиштето“ денеска во основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга се одржа Новогодишен саем.
Учениците од трето до деветто одделение од паралелките на македонски, албански и турски јазик, понудија домашна приготвена храна, ракотворби, украси и цртежи, а собраните средства ќе бидат наменети за набавка на проектори во училиштето.
Новогодишниот саем го посетија министерот за образование и наука Јетон Шаќири и градоначалникот Рамис Мерко.
Овој саем, со долга традиција во училиштето, станува се поуспешен и поатрактивен, не само за учениците и наставниците, туку и за родителите и другите посетители. Вкусните јадења и креативните творби се продаваа многу брзо и секако тоа ја зголеми мотивацијата кај учениците за вакви активности во иднина, рече градоначалникот Мерко.
Собраните средства ќе бидат наменети за набавка на проектори за училиштето.
OhridNews