Вечерва со почеток во 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи традиционалниот новогодишен концерт на учениците од Основното музичко училиште МЕТОДИ ПАТЧЕ.
На програмата се дела од  Арон, Бах, Чајковски, Куфнер, Монти и други композитори.

Младите музичари ќе го покажат својот талент на флејта, пијано, хармоника, гитара, виолина, виолончело и кларинет.

Ohridnews