На 26-ти декември во Центарот за култура ќе се одржи новогодишен хуманитарен концерт, што го организира лајонс клубот Охрид.

На концертот ќе настапат хорот и оркестарот при ОУ “Св. Климент Охридски”, изведувачи од ОМУ “Методи Патче” – Охрид, Студио за класичен и модерен балет при Центар за Култура “Григор Прличев”- Охрид, – Танцов Клуб Охрид, – градскиот хор, Аслимоска Кристина и Ѓоко Танески.

Влезницата изнесува 100 ден, а собраните средства ќе бидат искористени во хуманитарни цели.

Концертот започнува во 19 часот.

Ohridnews