Во месноста Сараиште во стариот дел на Охрид, денеска ќе се одржи третото издание на Новогодишниот базар „Вино и Винил“, во организација на Културолошка иницијатива „5 до 12“.
Настанот е од хуманитарен карактер и сите средства ќе бидат донирани за акцијата “Пакетчиња за сите дечиња”.
Грееното вино и чај ќе бидат приготвени од Кадмо Бар, за храната ќе се погрижи „Escobar lounge bar“ Струга, а колекционерите ќе можат да си разменат винил плочи, информира организаторот.
За добро расположение ќе бидат задолжени Vanco Play, Martino, Marty, Шизика & Достин.
Настанот на плажата Сараиште почнува во 11:00 часот.
Настанот е дел од Охридската новогодишна приказна.
Г.М.