Плажа Сараиште
Од 23.12.2023 - 11:00 до 23.12.2023 - 16:00
Предновогодишна винил забава, поткрепена со греено вино и божиќен маркет со рачни изработки ќе се одржи во сабота, 23 декември, на плажата Сараиште.
Настанот е од хуманитарен карактер, односно сите средства што ќе се соберат ќе бидат донирани за добропознатата хуманитарна акција „Пакетчиња за сите дечиња“. Ди-џеите, т.е. винило вртачите за ова второ издание ќе бидат: Vanco Play, Tome Rootboy, Zupsan, Acko, DJ Dostin, DJ Martino, DJ Oli. Ги повикуваме сите колекционери на плочи да донесат неколку омилени да ги чуеме на грамофон. Ќе може да си купите нешто од повеќето штандови на уметници што изработуваат рачни изработки, најразлични мали подароци, свеќи, новогодишни украси, слики, беџови и сл, велат од Културолошка Иницијатива 5 до 12.
На овогодинешниот базар, додаваат, свои штандови ќе имаат: Simplycated, Copper Art, Sweet Dreams Factory, Mh CandelCo, Texturedora, Boketto, Art with love, Kreema Woods, Why Knot macrame design, The Candle Shop, Brillo, Balkocrafts, Bache Handmade Design, Снегулки, The sweet room, Anart.
А, секако, благодарение на Kadmo Bar и Jazz Inn, присутните ќе може да се насладат со греено вино, топла ракија и чајче, додаваат.
Почеток на настанот е во 11 часот до зајдисонце.
OhridNews