Пуштени во употреба новите работни простории на двете јавни претпријатија Погребални услуги и Гробишта.

Станува збор за современо опремени работни простории кои во целост ќе ги задоволуваат потребите на вработените и граѓаните. Извршено е и реновирање на управната зграда, просторот околу неа, како и фасадата на објектот.

–  Превземени се и активности за уредување на капелата, во која еден дел е наменет за православните, а друг дел за потребите на граѓаните од муслиманска вероисповед. Изграден е и изложбен простор за погребалната опрема, изјави директорот на ЈП Комуналец, Сашо Алчев. Тој потенцира дека следи и доекипирање и доопремување на новоформираните претпријатија.


Градоначалникот Александар Петрески објасна дека градежните инвестиции се реализирани со средства од буџетот на општината и ЈП Комуналец, кои се во висина од околу 20. 000 евра.

Петрески потенцира дека со одделувањето на двете јавни претпријатија конечно ќе се знаат точните надлежности и обврски на вработените, а ќе претставува и олеснување за граѓаните.

Т. К.