Одлуката да се спојат во едно Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство , е донесена по препорака на Европската Унија.
Се очекува со новиот систем на функционирање да се подигне нивото на заштита на потрошувачите и дека повеќе нема да има преклопувања или избегнувања на одговорност дека едната институција е одговорна, а другата не.
Новоформираната Агенција за храна и ветеринарство, во моментов има околу 280 вработени во администрација и инспекција, но се очекуваат нови вработувања во инспекцискиот кадар.