Во последните 24 часа се направени 2.730 тестирања, а регистрирани се 642 нови случаи на КОВИД-19, починале 25 лица, оздравени се 524 пациенти. соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Од новодијагностицираните во Скопје се 321, Прилеп и Велес – по 40, Куманово – 27, Гостивар – 23, Кавадарци – 22, Охрид – 20, Тетово и Неготино – по 17, Штип – 15, Битола и Струмица – по 13, Берово – 12, Делчево – 9, Гевгелија – 7, Ресен и Богданци – по 6, Струга и Кочани – по 5, Дебар, Виница и Крушево – по 4, Кичево и Свети Николе – по 3, Македонски Брод – 2, Крива Паланка, Радовиш, Кратово и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 524 оздравени пациенти од: Скопје – 347, Прилеп – 42, Куманово – 21, Битола – 16, Тетово – 13, Велес и Гевгелија – по 12, Кочани – 10, Гостивар – 9, Берово – 8, Струмица – 6, Валандово – 5, Крушево – 4 , Свети Николе, Кратово, Пробиштип и Пехчево – по 3, Кичево – 2, Кавадарци, Охрид, Крива Паланка, Демир Хисар и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 61 – 91 година и тоа: 5 пациенти од Скопје, од Тетово – 3, од Прилеп, Гостивар и Кавадарци – по 2 починати и по едно починато лице е пријавено од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Во моментов во Охрид има 571 активен случај, а во Струга 166.
OhridNews