Ракометниот клуб Охрид ја засили екипата откако во своите редови го доведе српскиот интернационалец Иван Стојановиќ. 27-годишниот ракометар кој игра на средната и левата бековска позиција треба да преставува големо засилување за охридскиот состав кој се наоѓа на втората позиција во Супер лигата.
– Амбициите на клубот се поклопија со моите затоа веднаш најдовме заеднички јазик со управата. Се надевам дека ќе бидам од голема помош за екипата која котира доста високо на табелата во Супер лигата. – рече Стојановиќ.
Поранешниот ракометар на Металац од Ваљево, Напредок од Крушевац, Металопластика од Шабац и Дикиеас од Атина, Грција немаше проблем со аклиматизација во новата средина откако тренираше една недела.
– Момците се феномелни сите ме пречекаа со отворени раце и подготвени се за големи работи сезонава. – додаде новиот ракометар.
Официјално деби Стојановиќ во Супер лигата ќе има в среда (18 ноември) во „Билјанини Извори“ против тимот на Вардар Јуниор.
Мх.П.