Охрид доби модерно забавно катче за најмладите. Во присуство на голем број дечиња и нивните родители, синоќа официјално беше отворена новата игротека „Кидс Корнер“ лоцирана на улицата „15-ти Корпус“ бр.15 (помеѓу Енмон и Гириг, наспроти бензинската на Макпетрол).

Бројните изненадувања, интересните и забавни содржини крадеа насмевки кај дечињата и им овозможија незаборавни моменти.

Забавата беше од отворен карактер со цел да се запознаат охриѓани што ние нудиме. Идејата за отворање на вакво забавно катче произлезе од потребата Охрид да добие игротека во која и родителите и децата ќе може да уживаат на едно место. Родителите може да пијат кафе додека децата играат. Игротеката располага со нови реквизите кои се повеќе барани. Целта ни беше да опфатиме деца до поголема возраст, некаде до 10 години, па во таа насока во игротеката има и катче наменето за малку поголеми деца како што се мало фудбалско игралиште, а тука се и трамболините со кошеви, велат од менаџерскиот тим на „Кидс Корнер“.

Игротеката се простира на простор од 160 квадрати од кои 100 квадрати е површина за играње, а останатите 60 квадрати се наменети за прослава на родендени или некој друг вид прослави.

Работнотно време на игротеката е од 10 часот до 21 часот, секој ден. Во текот на денот децата може да се донесат да играат, освен во термините кои се резервирани за роденденски прослави. Би било добро заинтересираните за информации да не сладат на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, каде ќе бидат објавени слободните и резервирани термини, истакнуваат од „Кидс Корнер“.

Игротеката „Кидс Корнер“ располага со максимален капацитет за прослава на родендени до 50 возрасни и 30 деца, а се нудат две опции.

Нудиме целокупна организација за роденденска или било каква прослава, со храна и пијалок. Овозможуваме што би се рекло „да бидете гостин на својот роденден“ доколку некој сака. А нудиме и можност да се изнајми просторот, а останатото сами се да си донесат луѓето. Промотивно до крајот на неделава има 20% попуст за изнајмување на просторот, а доколку некој нарача пакет со храна и пијалок, ќе добие 10% попуст на пијалокот, потенцираат од „Кидс Корнер“.

Планот е, велат, да се организираат и креативни работилници преку кои ќе се овозможи родителите да поминуваат дел од времето со своите дечиња.

Отворени сме за прифаќање на идеите од нашите сограѓани, бидејќи важно ни е клиентите да бидат задоволни и да ни посочат што сакаат понатаму да има плус во игротеката. Секој совет и идеја ќе бидат разгледани и ќе се обидеме да ги реализираме колку што можеме, додаваат од менаџерскиот тим на „Кидс Корнер“.

Фото галерија:

Ново забавно катче за најмладите во Охрид, отворена игротеката „Кидс Корнер“

Н.С.Ј.
Фото: А. Момироска