Тренерот на Болоња и легенда на српскиот фудбал, Синиша Михајловиќ исто како и неговите фудбалери почна со индивидуални тренизни по дозволата од италијанската влада, покажувајќи дека е на добар пат со борбата со леукемијата.

Михајловиќ од минатата година се бори со болеста, поминувајќи две рунди на хемотерапија, но очигледно дека волјата за борба уште не го напуштила.

За неговата борба и борбата на семејството со тешката болест, ќерките напишаа книга која од ден во ден станува се популарна и во најскоро време ќе биде официјално презентирана.

OhridNews