Antagonist of the Truth е последното видео од Охридскиот хардкор метал бенд Hardfaced од нивниот трет албум Dying Lake изваден под етикетата на Diehard Records. Видеото е во целосна изработка на Александар Цветаноски.

 

Hardfaced постојат од 2004 година и зад себе имаат три студиски албуми: “More Than Hate” – 2007 , “Show Them What They Fear” – 2011 и “Dying Lake” – 2014 година. Во неколкуте Балкански и Европски турнеи, досега настапувале со бендови како Biohazard, Unearth, 7 Seconds, Parkway Driwe, Born From Pain, Last Hope и многу други. Моментално работат на четвртиот албум.

OhridNews