Министрите за транспорт и врски на Македонија и Албанија Миле Јанакиески и Сокол Олдаши, денеска излегоа со ново ветување за отворање на бродската линија Охрид – Поградец. На средбата што се одржа денеска во Охрид, тие најавија дека директната бродска линија Охрид – Поградец ќе биде отворена пред почетокот на претстојната туристичка сезона.


Вакви најави од двете страни имаше и во изминатите две години, но Јанакиески и Олдаши уверуваат дека оваа година иницијативате ќе биде конечно реалзирана, за што како што информираа, во тек се интензивни подготовки на надлежните органи околу восппоставувањето на пасошката контрола.

Министрите  денеска во Охрид потпишаа Спогодба за соработка на полето на поштенските и електронските комуникации, како дел од европската агенда на двете соседни држави.

– Со Договорот двете страни се обврзуваат да обезбедуваат спроведуваат политики за обезбедување и развивање на поштенските и електронските услуги меѓу двете земји, согласно сопствените позитивни законски прописи, но и европските директиви, истакна по потпишувањето на Договорот министерот Јанакиески.


На средбата меѓу другото станало збор и за  изградба на  патниот правец Скопје – Дебар – Тирана, продолжување на проектот за изградба на железничката линија Кичево до границата со Албанија, како и за други проекти сврзани со изградбата на Коридорот 8.

Ohridnews