„Ново утро“ – нова авторска песна од Александар Петрески. Идејата за песната вели музичарот се родила пред една година и конечно по небројни саати емотивна работа ја доживува својата промоција.

Идејата за песната се роди некаде пред една година, првично како текст идеја која ме разбуди рано наутро, а потоа ја направив и музиката. Во текстот се испреплетени повеќе теми, од кои доминантна е една, во која се спомнати емоционалните и психолошките предизвици и доживувања кои ги поминувам секогаш кога го напуштам мојот роден град Охрид, вели Петрески.

Видеото е снимено на две локации во градот Neuss, каде што живее Петрески, а заради тематиката се одлучил да биде во црно – бело.

Видео продукција на „Ново утро“ е на @Aleksandar Petreski Music & Flowing Circles.

OhridNews