Охридските ракометари во Свети Николе стигнаа до првиот бод сезонава на гостински терен ремизирајќи 26-26 (12-13) со составот на Овче Поле.
Во поголем дел од мечот избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски го контролираа резултатот, но сепак на крајот мораа да се задоволат со бод.
И првиот натпревар во Супер лигата одигран во Охрид меѓу овие две екипи заврши без победник. Тогаш од пораз се спасуваа охриѓани, а сега тимовите ги сменаа улогите.
За охридските сини ова е второ реми во низа откако на домашен терен во 12-то коло бодовите ги поделија со битолски Пелистер. Со ремито „гладијаторите“ го освоија дванаесеттиот бод во елитното ракометно друштво.
Во 13-та рунда ракометарите на Охрид ќе се сретнат со второпласираниот Тинекс Пролет.
Мх.П.