Без голови и без победник заврши тест средбата помеѓу составот на Лабуништа и Партизан Обршани кој двете екипи го одиграа денеска на Градскиот стадион во Струга.
За тимот на Лабуништа ова е трето реми во четвртиот меч во рамките од подготвителните натпревари. „Црно белите“ ремизираа со Ренова (0-0) и Брегалница (1-1), а го совладаа Кораб во првиот меч со високи 3-0.
Следниот контролен тест фудбалерите на Лабуништа ќе го одиграат против Борец во Струга в недела на 17 февруари.
Во првата рунда од пролетната полусезона во второлигашката конкуренција Лабуништа ќе се сретне со лидерот на табелата Струга Трим Лум.
Денеска во Охрид требаше да се одиграат контролни мечеви помеѓу Пелистер и српски Металац односно Лакочереј против Велазерими но беа одложени. Причините се честите повреди во екипите.
OhridNews