Откако излезе првото продолжение од филмот „Игра на гладта“, со нетрпение се чекаше и продолжението, кое конечно е тука. ‘The Hunger Games: Catching Fire’ е продолжение на оригиналот, кој не само што ја лансира младата Џенифер Лоренс во ѕвездената орбита, туку и заработи вистинско богатство на кино благајните.
Само во САД и Канада филмот заработил повеќе од 370 милиони долари, а во остатокот од светот повеќе од 500 милиони. Овој пат Катнис Евердин се враќа дома како победничка на традиционалните игри на гладта, како и нејзиниот пријател Пит Меларк. Но, повторно ќе мора да ги напуштат своите најмили поради новиот круг игри. Освен Џенифер Лоренс, во филмот се појавуваат уште и Лиам Хемсворт и Џош Хачерсон, како и Вуди Харлесон и Лени Кравиц.