Работата на Ракометниот клуб Охрид во младинските категории доби ново признание, откако Мартин Ивановски и Даниел Андоновски се најдоа на поширокиот список од младинската селекција на Македонија кој го објави селекторот Данило Брестовац.

Македонските ракометни надежи пред крајот на оваа година во Габрово против репрезентацијата на Бугарија ќе одиграат два контролни натпревари, а ако го поминат последниот рез двајцата охриѓани ќе имаат можност да дебитираат во националниот дрес.

Претходно, Наум Бабачев кој е тренер во младинските категори и охридскиот ракометен клуб добија големо признание во повикот на Наум Костов за престојните предизвици на репрезентавците во кадетската конкуренција.

OhridNews