Германската тренерска легенда Ханјер Бранд ќе се прости од ракометот на 3 јуни. Селекцијата на Германија предводена од Бранд ќе се сретне со тимот на светот, кој на клупата ќе го има тренерот на Металург, Лино Червар.

Во составот на Червар се најдоа Ивано Балиќ, Никола Карабатиќ, Икер Ромеро, Иван Нинчевиќ, Михаел Кнудсен а изненадување за 14 000 публика во Минхен може да биде настапот на  “старите“ звезди Висландер, Душабаев и кореецот Кјунг ши јонг.

Мх.П.