Ударната игла во нападот од Ракометниот клуб Охрид, Бобан Блажески доби ново признание откако е вклучен во идеалниот тим за 12-та рунда во Супер лигата. Десното крило со осум голови беше најдобар стрелец во Охрид но и нерешлива енигма за одбраната на Пелистер. Натпреварот заврши во корист на Охрид 28-20.
За Блажески ова е второ признание во серија. Стружанецот во охридските редови и минатата рунда беше дел од ракометарите кои ја одбележаа рундата во Супер лигата.
Охрид само првата рунда кога изгуби од Пролет немаше свој претставник помеѓу најдобрите, а од тогаш наваму идеалниот тим е незамислив без охридски ракометар.
Идеален тим:
Голман: Даниел Дупјачанец (Металург)
Лево крило: Марко Божиновски (Бутел Скопје)
Лев бек: Лука Стојановиќ (Металург 2)
Среден бек: Ивица Илиев (Радовиш)
Десен бек: Мартин Серафимов (Металург)
Десно крило: Бобан Блажески (Охрид)
Пивот: Пеце Ѓорѓиески (Радовиш)
OhridNews