По четирите награди за најдобар фудбалер во футсал во Македонија охриѓанецот Зоран Левески беше прогласен за најдобар тренер за 2014 година.
Тој повеќе од успешно ја предводеше македонската футсал репрезентација до 21 година и својата екипа Железарец каде е и тренер и играч.
Капитенот на А селекцијата со оваа награда ја продолжува династијата во футсалот која започна во 2006 година.
Фудбалската федерација на Македонија на церомонијата ги награди најдобрите за 2014 во македонскиот фудбал.
Наградени :
Агим Ибрами – Најдобар репрезент на македонскиот фудбал во странство
Борче Маневски – Најдобар фудбалер во МФЛ
Игор Ангеловски – Најдобар тренер во МФЛ
Дејан Блажевски – Најдобар стрелец во МФЛ
Оливер Јовановски (ЖКК Кочани) – најдобар тренер во женски фудбал
Афродита Салихи (ЖКК Кочани, 45 постигнати гола)– најдобар стрелец во женски фудбал
Наташа Андонова (Турбине Постдам) – најдобра фудбалерка во женски фудбал
Зоран Левески (КМФ Железарец) – најдобар тренер во футсал
Кристијан Златковски (КМФ Биџо) – најдобар фудбалер во футсал
Минчо Јорданов – заслужен фудбалски работник
ФК Работнички – фер-плеј екипа на годината
Димитар Мечкаровски – најдобар фудбалски судија
Влатко Колев – најдобар тренер во младинскиот фудбал
Михајло Јакимовски (ФК Металург) – најдобар стрелец во младинскиот фудбал
Јасир Асани (ФК Вардар) – најдобар фудбалер во младински фудбал
ФК Вардар и ФК Шкендија – признание за вложувачи во македонскиот фудбал
ФК Металург – најдобар клуб во младински фудбал
Марјан Секуловски и Влатко Андоновски – најдобри тренери во странство
Трајко Стаматовски – Награда за животно дело
Награди за медиумска поддршка – Екипа.мк, МТВ, Сител, Канал 5, МТВ 2, Македонски спорт, “Macedonian football”
Награди за новинарски доајени – Ивко Панговски, Кирил Манев
Ohridnews