Од ноќеска на полноќ бензините во Македонија се продаваат поскапо за 1 денар, a цената на дизелот се зголеми за 2 денари.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на моторниот бензин МБ-96 ќе изнесува 70,50 денари за литар, Еуросупер-95 ќе се продава за 67,50, а Еуросупер-98 за 68,50 денари за литар. Дизел-Е (III) од денеска ќе чини 63,50, а на Екстра лесното гориво 52,50 денари за литар.

ohridnews