Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари по литар информираат денес од Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) со новото покачување изнесува 73,50 ден/лит, велат од РКЕ.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,815 денар/килограм и со тоа цена изнесува 46,537 ден/кг.

OhridNews