Благодарение на иницијативата на Лајонс клубот „Лихнидос“, култниот споменик во Охрид, посветен на големиот верски празник Богојавление, доби ново осветлување.

 

Од клубот напомнуваат дека ова е само една фаза од нивниот голем проект „Охрид – Град на Светлината“, со кој нашиот град на многубројните посетители конечно ќе им понуди опција за ноќен туристички разглед, онака како што го прават само најголемите туристички дестинации во Европа.

OhridNews