Крилниот ракометар на Металург, Гоце Георгиевски е новиот ракометар, кој поради повреда ќе ги пропушти подготовките на репрезентација во Охрид.

Тој се повреди на реванш мечот со Колдинг во осминафиналето во Лигата на Шампиони и ќе мора да паузира месец дена.

Покрај „жути“ собирот на репрезентацијата во Охрид ќе го пропуштат Кирил Лазаров, Борко Ристовски и Стојанче Стоилов.

Селкцијата под Самоиловите тврдини пристигнува денеска, а ќе се задржи до шест април (недела).

Мх.П.