Во рамките на програмски предвидените зафати за подобрување, реконструирање и проширување на мрежата за јавно улично осветлување, што ги преземаат надлежните служби на локалната самоуправа, деновиве се осветлува една од најстарите , но истовремено и најголеми улици во Охрид,  „Гоце Делчев“, соопшти општинската служба за информирање.


„Во рамките на ова разубавување на улицата од аспект  на осветленоста во вечерните и ноќни часови, покрај замената на дотраените сијалични места или поставуавње нови, се врши и замена на принципот на осветлување: наместо досегашните „нееколошки“ и понеисплатливи живини сијалици, се поставуваат нови – натриумски, кои се и поисплатливи и подолготрални, но според стручњаците и помалу штетни по околината“, велат од општината.

Ohridnews