Првата рунда во пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига ќе стане легендардна по негативности. Фудбалската федерација на Македонија го одложи натпреварот во Тетово меѓу Шкендија и Ренова додека останатите натпревари во Битола, Пелистер – Вардар и во Кочани, Брегалница – Напредок ќе се одиграат во закажаниот термин 14 часот.
Управниот одбор на ФФМ требаше да донесе одлука за Шкендија, која во менувањето во Акционерско друштво има некои пропусти. Од федарацијата им дадоа четири дена да ги завршат потребните документи и да можат да започнат со натпреварување во елитата.
Ако до новиот предвиден рок управата на “црвено црните“ не ги комплетираат документите ќе мораат да се преселат еден ранг подолу односно во Втората македонска фудбалска лига.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com