Натпреварот на „Турф Мур“ стадионот, помеѓу Барнли и Фулам е одложен и нема да се одигра утре (недела) во предвидениот термин.

Причината за одложување е зголемениот број на новозаразени фудбалери од вирусот ковид -19 во екипата на Фулам. За клубот од „Кревен Котиџ“ ова е втор одложен натпревар во краток временскио период. Претходно, Фулам не го одигра дуелот со Тотенхем.

Од почеток на сезоната до сега, во англиската Премиер лига се одложени четири мечеви поради појава на вирусот ковид -19 во екипите. Одложени беа мечевите Евертон – Манчестер Сити и Њукасл – Астон Вила.

OhridNews