Здравиот живот оди рака под рака со здрави навики и здрава исхрана. Антиоксидансите се моќно оружје за подобро здравје, а едно од најмоќните е аронијата. Овој исклучително корисен плод кој потекнува од Америка, отсега може да се конзумира и како 100% сок без додатоци на вода, конзерванси и шеќер, што го произведува компанијата „Биомелан“ од Струга.

Сокот од аронија е 100 проценти произведен со специјална техннологија на ладно цедење на здравите плодови и пастеризиран со цел да не се додаваат штетни додатоци и да се спречи ферментацијата, велат од „Биомелан“.

Аронијата покрај големото антиоксидантно дејство има бројни лековите својства, го зајакнува имунитетот, ја подобрува крвната слика, го намалува ризикот од тешки заболувања и го забавува процесот на стареење. Сокот од аронија содржи бројни витамини, железо и минерали, кои се од исклучително значење за човечкиот организам, додаваат од „Биомелан“.

Органскиот 100% сок од аронија на „Биомелан“ може да се најде во подобро снабдените маркети во Охрид и Струга.

OhridNews