Во етер е најновото музичко видео на Владимир Четкар за неговата авторска композиција „Joyride“. Видео записот е дело на Борче Димовски и е снимен на неколку локации во Охрид.

Инструменталната тема „Joyride“ ќе биде дел од третиот по ред студиски албум на Владимир Четкар кој во март ќе биде издаден од страна на „P-Vine“, една од најпознатите музички куќи во Јапонија.

„Joyride“ е снимена вo њујоршките студија „The Bunker Studio“ и „Cowboy Technical Services“, а мастерингот е работен во Лондон во „Carvery Mastering“.

Она што е интересно и е вистински раритет, е што песната „Come With Me“ со која беше најавен новиот албум на Четкар, е секојдневно во етерот на многу радио станици во Јапонија како „FM Cocolo“, „Inter FM“, „ZIP FM“, „K-Mix“, „FM – N1“, „Momo Radio“ и многу други.

Овој март албумот кој се вика „GOING HOME“ ќе биде издаден со високотиражна дистрибуција насекаде во Јапонија.

OhridNews