Јавното комунално претпријатие од Охрид секоја година во туристичкиот шпиц се соочува со исти проблеми. Најголемиот е непочитување на комуналниот ред од страна на граѓани, но и од угостителските објекти.


Ново лето стари проблеми

Како црни точки во градот од „Комуналец“ ги посочуваат бул. “Туристичка” кај детската градинка “Билјана”, наспроти фабриката “Отекс”, ул.”Пере Тошев” кај детската градинка, ул.”Партизанска” наспроти “Комерцијална банка”, ул.”Богомилска” при влезот кај комплекс згради во нас.”Христо Узунов”, како и просторот околу спортскиот центар Билјанини извори.

Ohridnews