Женскиот ракометен клуб Вардар следната ќе биде посилен за Тамара Мавсар која во Скопје ќе пристигне од тимот на Крим Меркатор.
Трансферот во македонскиот шампион го потврди самата ракометарка, изјавувајќи: – Точно е, ги договорив сите услови и следните две сезони ќе бидам дел од Вардар. Жал ми е што го напуштам Крим, но посакував нови предизвици.
На истата позиција лево крило преставникот на Македонија во Лигата на Шампиони неодамна ја ангажираше норвешката репрезентативка Камил Херен.
Ангажманот на словенската репрезентативка во голема мера ќе значи збогум за Итана Грбиќ која исто така дејствува на левата крилна позиција.
OhridNews