На стандардната постава на тренди облека, обувки, чанти и модни додатоци, модниот бренд Страдивариус оваа пролет додава и декоративна козметика. Новото изненадување за сите обожавателки на овој бренд од Шпанија, доаѓа во облик на три бјути производи, во кои несомнено ќе уживаат младите девојки желни за експерименти и трансформации.
На полиците од избраните продавници стигнуваат шарени и мирисни балзами за усни, пигментирани моливчиња за усни, достапни во пет нијанси, и лакови за нокти во луди летни бои. Страдивариус со текот на времето има намера да го шири овој асортиман, кој за почеток ќе биде достапен во продавниците на Кипар и Малта, потоа во Франција, Грција, Унгарија, Италија, Ирска, Полска, Португалија, Романија и Шпанија.
извор: fashion.hr